CEFALO е меѓународно истражување спроведено во повеќе центри во Данска, Шведска, Норвешка и Швајцарија. Преку оваа студија која ја истражува врската помеѓу употребата на мобилни телефони кај младите на возраст од 7 до 19 години и појавата на тумори на мозокот, се бараат конечните одговори на науката пред хипотетичкото прашање на пошироката светска јавност за можните здравствени последици од нејонизирачкото зрачење кое се испушта од мобилните телефони. Студијата CEFALO беше спроведена во периодот помеѓу 2004 и 2008 година. и преку неа беа набљудувани и прегледани 352 пациенти со тумори на мозокот и 646 контролни лица.
Неодамна беше објавена првата статија што ги содржи резултатите од оваа студија. Авторите на написот забележаа дека во овие анализи, редовните корисници на мобилни телефони не откриле статистички значајно зголемување на бројот на тумори во споредба со појавата на туморски заболувања кај некорисниците. Исто така, децата кои користат мобилни телефони најмалку пет години не забележале зголемување на бројот на тумори во споредба со оние кои никогаш не користеле мобилен телефон редовно.
Авторите заклучуваат дека отсуството на врска помеѓу изложеноста и појавата на тумори покажува дека не постои причинско-последична врска помеѓу овие два фактори.
Референца: http://jnci.oxfordjournals.org/content/early/2011/07/27/jnci.djr244.abstract