Оригинал
Уни сапун активен јаглен Сапун со активен јаглен | Природен сапун за акни
Рачно изработен природен сапун со активен јаглене моќно, но нежно решение за секојдневна нега на кожата. Активираниот јаглен ефикасно ги апсорбира нечистотиите, вишокот на себум и токсините од порите, додека растителните масла ја негуваат и хидрираат кожата.
Се препорачува за луѓе кои имаат проблеми соакни, митесери, псоријаза, егзема и првут. Има антибактериско дејство, ги смирува воспаленијата и помага во регулирање на секрецијата на себум, без да ја суши кожата.
За кого е идеален?
- Проблематична и мрсна кожа склона кон акни и митесери
- Луѓе со псоријаза и егзема
- Сите типови на кожа кои сакаат длабинско чистење без хемикалии
Состав:
- Сапонифицирани масла од палма, кокос, маслиново и сончоглед
- Активиран јаглерод
- Етерично масло од рузмарин
Без адитиви, конзерванси и вештачки мириси.
Начин на употреба:
Нанесете го сапунот на влажни раце или директно на телото/лицето, нежно масирајте со кружни движења, а потоа исплакнете со млака вода. Користете секојдневно или по потреба за длабинско чистење.
Предности:Длабоко ги чисти порите • Го отстранува првутот • Делува антибактериски • Ја хидрира кожата • Погоден за цело тело и коса (како шампон против првут).
Рачно изработено со љубов од природни состојки. Секој сапун е уникатен.