Научниците од 39 земји во светот составија 2.000 документи за здравјето и биолошките ефекти на нејонизирачкото зрачење, составен дел од спектарот на електромагнетното поле. Околу 190 научници потпишаа меѓународен апел упатен до Програмата на ОН за животна средина.
Во писмото упатено до надлежните институции наведуваат дека уредите како мобилните телефони го зголемуваат ризикот од рак, генетско оштетување, промени во репродуктивниот систем, како и намалување на способноста за учење и паметење.
Др. Мартин Бленк
„Неизвртени, тие ги уништуваат живите клетки во нашето тело и убиваат многу од нас предвреме“, вели д-р Мартин Бланк од Катедрата за физиологија и клеточна биофизика на Универзитетот Колумбија.
"Создадовме нешто што ни штети и е надвор од контрола. Пред Едисон да ја измисли сијалицата, имаше многу малку електромагнетно зрачење во нашата средина. Денешното ниво е многу пати повисоко од природното и брзо се зголемува поради сите нови уреди што емитуваат зрачење", тврди тој.
Поради широката употреба на мобилни телефони, бројот на случаи на рак на мозокот кај младите е зголемен за повеќе од три пати. Научниците укажуваат на фактот дека неконтролираното користење на радиофреквентно зрачење во мобилните телефони и безжичниот интернет доведува до јавна здравствена криза. Бланк истакнува дека комисиите кои воспоставуваат безбедносни стандарди се глуви на предупредувањата на биолозите и научниците и ги игнорираат биолошките факти.
„Ние навистина сме дел од голем биолошки експеримент без наша согласност. За да се заштитиме себеси, нашите деца и еколошкиот систем, мора да ја намалиме нашата изложеност на радијација со воведување дополнителни заштитни прописи“, вели тој.
Научниците побараа од Програмата за животна средина на ОН (UNEP) да „назначи и финансира независна мултидисциплинарна комисија за да ги испита причините „за“ и „против“ алтернативите на сегашната практика што значително ќе ја намали човечката изложеност на радиофреквенција и екстремно нискофреквентно зрачење“.
Извор: blic.rs